Благодарници од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (FAO)

Ученичката Лена Блажева од II-2 одделение од нашето училиште и нејзината менторка, наставничката Билјана Мирковиќ, добија благодарници за учество во ликовен конкурс за изработка на постер во организација на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (FAO), кој се одржа кон крајот на минатата година. Темата беше „Херои на храната“ (Food Heroes) , а учествуваа училишта од 117 земји во категории 5-8, 9-12, 13-15 и 16-19 години.

Целта на конкурсот беше да се подигне свеста не само за неопходноста од глобалното искоренување на гладот туку и за потребата од промена на системите на исхрана, кои треба да обезбедат прехранбени продукти произведени на одржлив начин, достапни за сите.

Постерот на второодделенката Лена ги претставува банките за храна како херои со порака дека треба да се намали количеството храна што се фрла и да се обезбеди доволно храна за сите.

error: Содржината е заштитена !!