Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во рамките на програмата Еразмус+, клучна акција 2, го одобри проектот Еко одговорни граѓани со регистрациски број 2023-2-MK01-KA210-SCH-000180361.
Проектот има за цел да:
- Создавање и одржување менторски односи преку секојдневна комуникација со учениците и следење на напредокот со водење дневник за извршените активности врз основа на кој наставникот ќе предложи понатамошни активности;
- Пренесување на искуството од процесот на учење, поттикнување мотивација и самодоверба кај помладите ученици и откривање и следење на нивните специфични интереси со поддршка од наставниците;
- Давање помош и насоки во процесот на социјализација во училиштето, развивање социо-емоционални вештини кај помладите ученици, развивање чувство на припадност кон заедницата и спречување на можни конфликтни ситуации и насилство;
- Да се промовираат Европските вредности и основните човекови права.
Координатор на проектот е ООУ Блаже Конески – Скопје во партнерство со Agrupamento de Escolas de Samora Correia, Португалија и ZAFER ILKOKULU,Турција.
На 15.01.2024, Еразмус + тимот на проектот Еко одговорни граѓани, со претставниците од ООУ Блаже Конески – Скопје, Agrupamento de Escolas de Samora Correia, Португалија и ZAFER ILKOKULU, Турција, го одржаа својот прв координативен состанок.

На конкурсот за Лого на Еразмус проектот Еко одговорни граѓани, од доставените идејни решенија кои беа презентирани и јавно пред учениците, на видео екран во Холот на училиштето. За Лого на проектот се избра Логото на ученичката Искра Николов од 6-2 одд. Во најтесен избор влегоа три лого решенија, на учениците Клара Делева, Симон Шеновски, Искра Николов.

За најдобро осмислено Лого се избра логото на Искра Николов бидејќи најцелосно го отсликува духот на проектот, има најдобра симболика, ликовно и технички е најдобро осмислен, со запазени елементи на симетрија, пропорција, избор на бои и форми кои се одраз на здрава животна и еколошка средина.
На 26 февруари започнаа активностите од проектот во ООУ Блаже Конески – Скопје. Учениците од одделенска настава се запознаа со своите ментори од предметна настава и добија насоки за спроведување на активностите.



Прва активност – Plant your future.
Со цел спроведување на првата активност од проектот – Plant your future, на 16 март учениците од нашето училиште направија градина во училишниот двор. Во активностите беа вклучени и родителите како и соработници од средни училишта од Скопје.
На Јавен повик врз основа на утврдени критериуми и учество во низа активности кои претходеа, а во кои активно и примарно учество имаа нашите ученици, под менторство на одговорните наставници беа селектирани и избрани учениците кои ќе учествуваат во мобилноста во Португалија.

Activities of the Turkish partner school -ZAFER ILKOKULU – ,,Plant your future”
Извештај за реализација на програмата за време на мобилноста во Семора Кореиа – Португалија
од 29. 09. 2024 г. – 04. 10. 2024 г.
На барање на учениците , рокот за учество во Еко – акцијата ,,СОБЕРИ и ПОБЕДИ“ ќе се организира повторно со селектирање и собирање на отпад (пластични шишиња, пластични капачиња и стара хартија) на ден 29.10.2024 година (вторник) во периодот од 11:30 часот до 12:30 часот во дворот на ООУ,,Блаже Конески“ Скопје.

Известување од Комисијата за избор на апликанти за мобилност во Турција во рамки на Еразмус+ проектот “Еко одговорни граѓани”

Дисеминација од реализараната ученичка размена во Семора Кореиа – Португалија од 29. 09. 2024г. – 04. 10. 2024г.
На 18 . Октомври 2024г. беше одржана дисеминација на активностите од првата ученичка мобилност одржана мо Португалија, во периодот од 29.09. 2024г. до 4. 10 2024г. за Еразмус проектот ,, Еко одговорни граѓани” во училиштето Агрупаменто де Есколас де Самора Кореиа во Португалија. На мобилноста присуствуваа по шест ученици и двајца наставници од Р. С. Македонија, Турција и Португалија, како што беше предвидено во изготвувањето на проектот.
Учениците коишто учествуваа на ученичката размена, одржаа дисеминација од активностите за време на размената, на соучениците од Еразмус тимот и медиумскиот клуб на училиштето.
На своите соученици од VI до IX одделение, им ги пренесоа искуствата, сознанијата, впечатоците стекнати во текот на престојот во Португалија. Учениците ги претставија своите активности, другарувања и размена на искуства во врска со еко средината и нејзиното значење за животот во микросредината и глобално за заштитата на животот на планетата. Со ученичките активности на засадување на градина и нејзино одржување , дадовме мал но значаен придонес кон зачувување на здравата животна средина и го посеавме семето на знаења за развој на еколошка свесност на учениците.
23.02.2025 Втора мобилност – Турција

“Eco responsible citizens”-,,Collect and win”
Споделуваме искуства, ги прошируваме нашите знаења, создаваме нови пријателства.
24.02.2025 – Аксарај, Турција
2 ден мобилност – Запознавање со турската култура и обичаите
Посета на училишта, национален музеј и културно- историски споменици.
25.02.2025 Еразмус + проект ,,Еко одговорни граѓани” – трет ден мобилност, Аксарај -Турција
Активности со отпаден материјал и изработка на украси


Дружење и соработка

Работилница во лабораторија

Посета на Научен центар
Посета на фабрика за селектирање и рециклирање на отпад
#учиме #другаруваме #споделувамеискуства
26.02.2025 – 4 ден мобилност -Посета на Музеј на отворено Зелве – археолошки локал
26.02.2025 4. ден мобилност во Турција
-Посета на “Катедрала Селиме”.-Посета на најголемиот подземен град во Кападокија – ,,Деринкују”#erasmusproject #ecoresponsiblecitizens#collectandwin
27.02.2024 – 5 ден мобилност во Турција-Посета на ,,Долината Пасабаг” позната како ,,Долината на монасите”, карактеристична по карпестите формации во облик на печурка.
-Посета на археолошкиот локалитет ,,Зелве”- дел од Светско наследство на УНЕСКО карактеристична по огромните и остро заш
-Посета на традиционална грнчарска работилница во Кападокија и Запознавање со начинот на изработка на уметнички дела од теракота. Прошетка покрај “Црвена река”илени оџаци.
28.02.20256.ден мобилност Турција – Кападокија
Почеток на денот со летање со балон на топол воздух
Посета на Музеј на отворено Гореме
Панорамско разгледување на Гореме
Сертфикати за мобилноста
Дисеминација од реализараната втора мобилност во Аксарај, Кападокија – Р. Турција – од 24.02 – 28.02.2025 год., како дел од Еразмус+ проектот „Еко одговорни граѓани“
На 04. Април 2025г. беше одржана дисеминација на активностите од втората мобилност одржана во Турција со училиштето партнер од Португалија Агрупаменто де Есколас де Самора Кореиа и училиштето домаќин Зафер Илкокулу од Турција, во периодот од 24.02. 2025г. до 28. 02. 2025г. за Еразмус проектот ,, Еко одговорни граѓани” – втора фаза „Собери и победи!“.
На мобилноста присуствуваа шест ученици и двајца наставници од нашето училиште, шест ученици и двајца наставници од Португалија и наставници и ученици од училиштето домаќин, како што беше предвидено во изготвувањето на проектот.
Учесниците во мобилноста одржаа дисеминација и ги споделија своите исклучително позитивни искуства со колегите и учениците. Преку слики и презентација во Power point, пред присутните беа презентирани сите реализирани активности во мобилноста.



7.04.2025 – 11.04.2025Недела на Еразмус+ проектот ,,Еко одговорни граѓани” во ООУ “Блаже Конески” Трета фаза на проектот: “Животните се наши пријатели”

Како домаќини и носители на проектот, во нашето училиште во духот на македонската традиција им посакавме топло добредојде на нашите партнер училишта Agrupamento de Escolas de Samora Correia од Португалија иZafer Ilkokulu од Турција.

7.04.2025Првиот ден од посетата на нашето училиште беше исполнет и со голем број активности, дружење и соработка,споделени насмевки и моменти за паметење.Доживувања кои ќе останат засекогаш како трајни спомени.Имавме и организирана посета на Општина Аеродром каде на прием кај Градоначалникот Дејан Митески беа споделени искуства за системот на образование овие земји.
08.04.2025



Недела на Еразмус+ проектот ,,Еко одговорни граѓани” во ООУ “Блаже Конески” 7.04.2025 – 11.04.2025
Вториот ден од посетата на нашите гости , претставници од училиштата Agrupamento de Escolas de Samora Correia од Португалија иZafer Ilkokulu од Турција, беше посветен на запознавање со природните богатства и дел од историјата на нашата држава.Имавме можност да го посетиме кањонот Матка, пештерата Врело, скопската тврдина Кале, црквата св. Спас, Старата скопска чаршија и Спомен куќата на Мајка Тереза. Како училиште, со гордост можеме да кажеме дека преку овие проекти стануваме амбасадори на нашата земја. Нашата цел и одговорност е преку образованието достојно да ја претставиме нашата вековна традиција и култура.
Среда, 09.04.2025 Посета на Охрид , градот на УНЕСКО- незаборавно доживување за нашите гости
Заедно со претставниците од училиштата Agrupamento de Escolas de Samora Correia од Португалија иZafer Ilkokulu од Турција, го посетивме и македонскиот Ерусалим, градот на бисерот, Охрид. Прошетката покрај Охридското езеро, посетата на Заливот на коските, стариот град со автентичните градби како и археолошкиот комплекс “Плаошник” во Охрид, во историска, културна и духовна смисла, е најзначајниот и најсветиот простор за Македонија и за целиот словенски род. Ова беше само дел од посетата со која ја промовиравме нашата земја, култура и традиција пред нашите партнери од Еразмус+ проектот.
10. 04. 2025 година
Еразмус проект”Еко одговорни граѓани”

Посета на СУГС – Браќа Миладиновци”- Скопје

Во рамки на третата фаза од проектот насловена како ,,Животните се наши пријатели” го посетивме средното ветеринарно училиште ,,Браќа Миладиновци” -Скопје каде имавме можност да ја разгледаме нивната зоолошка градинаЗОО ПАРК СУГС “Браќа Миладиновци” ботаничка градина, пластеници и аквапоника градината (хидропоника и аквакултура чии главни компоненти се риби и билки), лабораторијата за производство на етерични масла од сушени билки.Активностите кои беа организирани предизвикаа голем интерес и воодушевување кај нашите гости од Португалија и Турција.


На ден 12.06.2025 година во нашето училиште беше одржа
завршен настан и доделување на Европас-документ за стекнати
вештини и знаења за време на мобилностите, на учениците за
учество во Еразмус+ проектот ,,Еко одговорни граѓани”, во коj
нашето училиште беше носител на проектот. За време на настанот
учениците учесници во проектот го презентираа своето искуство од
мобилностите и активностите спроведени во Португалија, Турција
и кај нас како домаќини.
На наше големо задоволство, на настанот присуствуваш
директорот на Националната агенција за европски образовни
програми и мобилност, г-дин Петар Богојески кој лично им ги
врачи Европас-документите на учениците за учество во
мобилностите во проектот. На настанот присуствуваше и
раководителот на Еtwinning програмата, г-ѓа Мила Протуѓер.



