На 20.12.2024 година ( петок ) во просториите на Меѓународен Балкански Универзитет се одржа настан по повод Јубилејниот патронат , 70 години постоење од нашето училиште.
Во рамки на овој настан беше подготвена Монографија како траен запис за реализираните настани, проекти и постигнати успеси низ годините, како и визијата која не води во насока на продолжување на растот на училиштето и создавање подобри услови за работа.
Особена чест и задоволство ни преставува учеството на изминати генерации директори, наставници, ученици ,кои преку видео запис ги пренесоа нивните искуства и одредени факти значајни за училиштето и неговиот растеж.
Благодарност до сите организатори, учесници и поддржувачи кои го издигнаа настанот на повисоко ниво.
Со гордост се потсетивме на почетоците , воедно и со посебена одговорност, поттик и мотивација да продолжиме понатаму и да го оправдаме името на нашето училиште.
За најмладите, за генерациите што ќе доаѓаат и за нивното градење како личности во општеството. Тие се нашата иднина.

