нашата приказна
Лоцирани сме во општината Аеродром, училиштето е создадено уште во далечната 1954 година, што значи опстојува цели шеесет и четири години. Ова училиште го носи името на нашиот патрон Блаже Конески - основоположникот на македонскиот литературен јазик и првиот претседател на Македонската академија на науките и уметностите. Учиме во училиште кое е современо и модерно и ги применува сите нови методи и техники во наставниот процес. Наставата се изведува на македонски јазик, во две смени.
Наставниците и соучениците од ова училиште имаат добиено разни признанија и награди, а генерации на ученици што го стекнале своето образование во Блаже Конески денес се одлични стручњаци во разни области.
Континуитетот во работата во нашето училиште Блаже Конески продолжува. Вклучени сме во голем број на проекти, како проектот за намалување на насилството во училиштето и во истиот се планирани неколку работни презентации и кампања под името „Стоп за насилството“. Како училиште заземаме учество и во разни хуманитарни акции, а исто така учествуваме и во голем број на натпревари каде што постигнуваме значителни резултати.


„Денес кога знаењето е богатство и моќ, во нашето училиште ги оспособуваме учениците за понатамошно напредување и достигнување на својот личен, максимален потенцијал и негување на воспитните и моралните вредности кај нив.”
Историјат
ПРОДОЛЖЕНИЕ

ЕКО УЧИЛИШТЕ
Еко проектот е еден од главните и водечките проекти. Во негови рамки се предвидени многу активности како што се: кампањата за здрава храна, собирни акции на стара хартија, работилници за заштеда на вода и ел.енергија и Еко зелени патроли. Во учебната 2011/2012 година во училиштето започнува да се имплементира програмата за „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ спроведена од Здружението на граѓани ОХО како организација со долгогодишно искуство во областа на заштитата на животната средина. Програмата е подржана од канцеларијата во Министерството за образование и наука на Република Македонија, согласно потпишаниот Меморандум за соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка. Во 2014 година нашето училиште се здоби со статусот на Зелено знаме и е прогласено за ЕКО УЧИЛИШТЕ.
Запознај го нашиот тим
Тим создаден од вистински професионалци.
