Денови на занаетчиство во ООУ „Блаже Конески“- Скопје

На огромно задоволство на сите учесници и посетители, денес по третпат, традиционално во нашето училиште се одржа настанот ,,Денови на занаетчиство во ООУ “Блаже Конески”- Скопје.
🤝Настанот се одржа во соработка со Занаетчиска комора Скопје и средните стручни училишта на Град Скопје трета година по ред, под мотото:
“Идеја, креација, уметност- занаетот е клуч за успех”.
🎓Учениците од деветто одделение имаа можност директно да се запознаат со поголем дел од средните стручни училишта, нивната примарна цел и условите што ги нудат како можност за идна определба за полуматурантите кои сега се одлучуваат каде да го продолжат своето образование.
Базарот кој традиционално е дел од оваа манифестација повторно му даде една посебна магија на настанот.
Благодарност до сите кои ни се поддршка и кои денес беа заедно со нас!

Почеток

10:00

понеделник, мај 20, 2024

Крај

12:00

понеделник, мај 20, 2024

Адреса

ООУ „Блаже Конески“ - Скопје

Учесници на настанот

You cannot copy content of this page

error: Содржината е заштитена !!