Учениците од III-3 одделение изработија хотели за пчели кои ќе бидат наместени во училишниот двор. Пчелите иако се во урбана средина, секогаш ќе имаат место за одмор во дворот на ООУ„Блаже Конески“ – Скопје.
Оваа активност е дел од проектот „Хотели за опрашувачи“ поддржан од Британска Амбасада Скопје.