На темата по природни науки „Вулкан“ учениците од II (второ)-2 одделение беа импресионирани од начинот на функционирање на вулканите и еруптирањето, па со нивната наставничка Билјана Мирковиќ направија предизвик и сами создадоа вулкани кои беа активни и дозволија нивните вулкани да еруптираат.
Со ерупцијата од која истече лавата ги видоа и вулканските карпи.
На многу забавен и креативен начин ја совладаа наставната содржина и беа пресреќни. Истото можете да го видите и на нивните лица 🙂