Да го превенираме насилството меѓу учениците!

Во ООУ „Александар Македонски“ во периодот од 12 до 14 декември започна проектот „Превенирање на насилното однесување во основните училишта“ во организација на Општина Аеродром и Институтот за европски образовни, социокултурни и економски политики – Европа за тебе.

Во овој проект учествуваа и директорката, наставниците и стручните соработници од ООУ „Блаже Конески” – Скопје.
Во рамките на проектот ќе се одржат три семинари, на кои реномирани универзитетски професори ќе им помогнат на наставниците од одделенска и од предметна настава, како и на стручните соработници од основните училишта на територијата на Општина Аеродром преку интерактивна дискусија да ги надградат своите знаења и да разменат искуства.
Целта на проектот е наставниците во основните училишта да се стекнат со ефикасни стратегии за полесно препознавање на насилни ситуации во нивните училишта.

Почеток

10:00

среда, декември 12, 2018

Крај

16:00

петок, декември 14, 2018

Адреса

ООУ „Александар Македонски“

Учесници на настанот

error: Содржината е заштитена !!