Проект: „До врвот на успехот преку патот на занаетот“
Носител на проектот:
директор на ООУ „ Блаже Конески“ – Скопје, м-р Виолета Ристовска
Координатори на проектот:
одделенски наставник: Ангелина Митева
предметен наставник: Богданка Барутовска
Соработници и учесници:
наставниците и учениците од ООУ „Блаже Конески“ – Скопје, Занаетчиска комора на град Скопје, професори од средните стручни училишта при град Скопје: СУГС „Димитар Влахов“ СУГС „Лазар Танев“ АСУЦ „Боро Петрушевски“ ЕТУЦ „Михајло Пупин“, родители и ученици
Цел на проектот:
Учениците да се запознаат со занаетчиството како важен сегмент во општеството кој нуди и егзистенцијални можности за младите и подигање на свеста на учениците за значењето и вредноста на занаетчиството и занаетите
Специфични цели:
– едукација на учениците и запознавање со видовите на занаети кои се застапени кај нас
– развивање знаења и вештини за конкретен занает
– поттикнување и развој на креативноста кај учениците
– запознавање со можностите кои ги нудат занаетите за добивање добра квалификација, идно работно место и понатамошна можност за успешен бизнис што и го прави занетчиството привлечно за професионална определба
Активности:
Проектна активност на актив од прво одделение: „Од зрно пченица до вкусна погача“
Проектна активност на актив од второ одделение: „ Природата дарови ни дава, среќни деца, кожа – нежна, здрава!“
Проектна активност на актив од трето одделение: „Шеќерно дете“
Проектна активност на актив од четврто одделение: „Со накитот кој го правиме ние, поубави ќе бидете вие“
Проектна активност на актив од петто одделение: „ Убавина со стил“
Завршна активност со презентации на учесниците и училишен базар 19.05.2022