Претставници на Претседателството на Сојузот на просветни работници на Република Северна Македонија на ден 23.05.2022 год во ООУ „Гоце Делчев“ Скопје со пригодна програма организирана од вработените и учениците во училиштето свечено им ги додели наградите на Државниот литературен и ликовен конкурс во чест на Гоце Делчев, за учениците од основното и средно образование на темите.
„Гоце Делчев – голем херој, стратег и идеолог за македонскиот народ“.
Нашата ученичка Леона Станикевска од III-1 одд. го освои ПРВОТО место, под менторство на одделенскиот наставник Јадранка Клисарова.