Едукативно – хуманитарен училишен проект

Автор на проектот: Дубравка Гешовска
Соработници: Сузана Марковска – едукатор во Музеј на Р.Северна Македонија, Вангел Штериов – едукатор во Р.Северна Македонија, Владимир Богојевиќ – едукатор во музеј на Р.Северна Македонија
Возрасна група: Ученици од I, II, III, IV и V одделение (6-11 години)
 
Цели на проектот:

  • Да се постигне збир на целите на учењето на наставната програма преку традицијата и современиот живот денес. Ова е еден начин на запознавање на учениците со значењето на најголемиот христијански празник „Велигден“ преку старите традиционални и збогатени вредности на нашите предци.
  • Да се даде значење на културно историското минато, традицијата преку проучување на животот и работата на нашите предци.
  • Да се вградат морални норми во животот на децата дека треба да бидеме хумани и да помагаме секогаш кога можеме.

 

Опис на проектот:
Идејата за реализација на проектот потекна од потреба за развивање на кооперативна средина на учење, која ќе инволвира учење во и надвор од училницата. Учењето надвор од училница беше реализирано преку посета на музеј и спроведување работилници и презентација на изаботките од работилниците пред родители. Во училиштето учењето беше
реализирано во, библиотека, спроведување на ликовен и литературен конкурс и спроведување на работилници на кои
учениците изработуваа велигденски јајца, украси, честитки, производи, кои беа изложени и се продаваа на базар во склоп на хуманитарниот настан. Собраните средства од продажбата на производите на базарот беа донирани на наставник кој боледува од животно загрозувачка болест.

За време на проектот учениците беа вклучени во сите аспекти од теренските посети, собирање на информации и фазата на истражување, до изработување на крајните продукти од нивната работа и нивно споделување . Работеа во работни групи (според возраста).

 
Тек на активноститe

  • Посета на Музејот на Македонија. Запознавање на децата со едукаторот. Разгледување на Етнолошката поставка. (26.03.2019)
  • Музејска работилница: едукаторот ги запознава со значењето на празникот Велигден, кога се празнува, како се бојадисуваат на традиционален начин велигденски јајца. (28.03.2019)
    Задача за дома: размислете што ќе употребите при украсување на велигденското јајце. Прашај ги своите блиски (мајка, баба) како тие ги бојадисуваат.
  • Музејска работилница: бојадисување велигденски јајца. Секое дете со помош на едукаторот бојадисува велигденско јајце на традиционален начин. (02.04.2019)
  • Музејска работилница: секое дете добива цртеж на народна носија. Истата треба да ја препознае во изложбата и со боење да ја доврши.
    Задача за дома: во списанија и весници пронајдете фотографии од народни носии, она што ве потсеќа на празникот Велигден, исечете ги и при следната посета на Музејот донесете ги. (04.04.2019)
  • Музејска работилница: изработка на постер. (09.04.2019)
    Децата со едукаторот и воспитувачот ги разгледуваат, објаснуваат и ги лепат донесените сликички на лист хамер, и по желба нешто доцртуваат.
  • Музејска работилница: месење на велигденска погача. (11.04.2019)
    Едукаторот го замесува тестото и децата ја украсуваат велигденската погача.
  • Презентација на проектот пред родителите и поканетите гости. Изложен е материјалот од музејските работилници. (20.04.2019)

 
За време на проектот учениците работеа во четири работни групи во Музеј на Македонија.

  • Ученици од II одделение имаа работилници со едукатори и наставници од 26.03–12.04.2019 година, во Музеј на Македонија.
  • На 16.04.2019 година, во Музеј на Македонија следеше презентација на изработките од учениците пред нивните
    родители.
  • Ликовен и литературен конкурс на тема: „ Велигден – најголем христијански празник“ се распишани во периодот од 15.04 – 19.04.2019 година.( Учесници: ученици од I – V одделение)
  • Работилница: – Украсување на велигденски јајца, се одржа на 19.04.2019 ( Учесници: ученици од I – V одделение)
  • Изложба на изработките и творбите од конкурсите и работилницата и доделување на дипломи за најкретивните литературни и ликовни творби, се одржа на 23.04.2019 година во училишниот хол.
  • ХУМАНИТАРЕН ВЕЛИГДЕНСКИ БАЗАР се одржа на 24.04.2019 во училиштето. (учесници: ученици од I – IX одделение и наставници)

Почеток

08:00

вторник, март 26, 2019

Крај

16:00

петок, април 12, 2019

Адреса

Музеј на Македонија

Учесници на настанот

You cannot copy content of this page

error: Содржината е заштитена !!