Еко-акција „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“

На 19.09.2014 година, во соработка со Општина Аеродром и со полициски службеници, се организираше едукативно предавање за запознавање на учениците како пешаци и велосипедисти со основните правила и прописи во сообраќајот. Исто така, се изведе и практична вежба на улица со цел учениците да научат повеќе за безбедноста на децата како пешаци во сообраќајот и како правилно да поминуваат на пешачки премин. Со ова нашето училиште се приклучи кон одбележувањето на „Европската недела на мобилност 2014″, со цел подигнување на јавната свест кај граѓаните за зголемена употреба на алтернативните форми на сообраќај, како пешачење, велосипедизам, користење јавен превоз, како и подобрување на безбедноста на пешаците и велосипедистите во сообраќајот.

Во еко-акцијата учествуваат учениците од V и VI одделение под менторство на одделенскиот наставник Виолета Ристовска и наставничката по техничко образование Марина Дуева.

Почеток

08:00

петок, септември 19, 2014

Крај

16:00

петок, септември 19, 2014

Адреса

ООУ „Блаже Конески“ - Скопје

Учесници на настанот

error: Содржината е заштитена !!