Засади дрво за позелена иднина

Наслов на активноста: Зелена околина за најмладите

Во школскиот двор на нашето училиште се спроведе волонтерската акција со тимот на ЕВН. Со оваа активност се зголеми функционалноста на одредени делови од дворот со надеж дека новите дрвца ќе придонесат и за намалување на загадувањето во населбата.
Целта на оваа акција е да се мотивираат децата да ја негуваат природата и во иднина уште повеќе да придонесуваат и со нивниот труд кон зелена околина, која значи и здравје.

Потребни материјали за активноста: Дрвја, цвеќиња, канти за отпадоци и останати материјали.
Задачите на волонтерскиот тим: Засадување на дрвја и цвеќиња, средување на тревата, сечење на дивите гранки, поставување на корпи за отпадоци и се останато што ќе биде потребно да се среди во училишниот двор.

Почеток

09:00

четврток, март 29, 2018

Крај

16:00

четврток, март 29, 2018

Адреса

ООУ „Блаже Конески“ - Скопје

Учесници на настанот

You cannot copy content of this page

error: Содржината е заштитена !!