На датум 21.05.2021 година, преку платформата Microsoft Teams во основното училиште „Блаже Конески“ – Аеродром, на учениците од седмо, осмо и деветто одделение им беше претставен проектот: „Играта на зборови може да повреди“, поддржан од Фондот за развој и проекти на Црвен крст на Република Северна Македонија, во соработка со одделението за превенција при СВР Скопје и градоначалникот на Општина Аеродром.
Учениците поттикнати од директорката Сузана Настовска, но и своите наставници координатори, Тинка Пачоска – наставник по биологија и Марија Костовска- наставник по македонски јазик, интерактивно учествуваа во целото предавање и целата дискусија.