На натпревар за креирање едукативни игри на тема „Учиме за НАТО – Што НАТО би можел да значи за мене“, учество на вториот конкурс во рамки на проектот Children@Game.Edu.NATO имаше Дубравка Гешовска, наставник во ООУ „Блаже Конески“ – Аеродром, Скопје.
Дубравка Гешовска како автор на едукативна игра под име „Освој го знамето“, влегува на листата од 20 селектирани NATO@70 СУПЕР ФИНАЛИСТИ (од вкупно 47 пристигнати предлози).
Тимот на Гаус Институт и стручното жири упатуваат честитки за успешно учество на вториот конкурс во рамки на проектот Children@Game.Edu.NATO и покана за продолжување со натпреварот до прогласување на најдобрите, на свечен и креативен настан во Битола.
На ден 19.10.2019 година на ФИКТ- Факултет за информатички и комуникациски технологии – Битола, финалистите имаа обврска да подготват и изведат практична презентација/демонстрација на аплицираната игра за време на настанот, во рамки на сесијата „Саем на игрите“.
Едукативната игра „Освои го знамето“ беше презентирана од авторот Дубравка Гешовска и 16 ученици од трето одделение, пред членовите на стручното жири и пред гости, други натпреварувачи и деца. Играта побуди интерес кај присутните и беше играна и од страна на гостите.
На прогласувањето на награди и доделување на признанија и сертификати, Дубравка Гешовска беше наградена како автор на најкреативна игра.