Ученици од IV-1 одд од ООУ „Блаже Конески“ под менторство на одделенскиот наставник Јадранка Клисарова уште еднаш се закитија со меѓународни награди во соседна Србија.
Здружението Гоце Делчев од Врање организираше литературен и ликовен конкурс за ликот и делото на нашиот револуционер Гоце Делчев.
На литературниот конкурс: Никола Белчев – прво место, Ана Којова – второ место.
На ликовниот конкурс: Лина Аспарухова Стојанова – второ место.