„Мајчиниот јазик како аманет за навек“ – 21-ви Февруари, Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

По повод 21-ви Февруари, Меѓународниот ден на мајчиниот јазик во нашето училиште ООУ „Блаже Конески“ се одржа настан на тема „Мајчиниот јазик како аманет за навек“, воедно се одржа литературен конкурс на општинско ниво на кој учествуваа ученици од сите основни училишта и најдобрите беа наградени. Изразуваме голема благодарност до сите почитувани гости кои земаа збор, проф. Људмил Спасов, писателите Велко Неделковски и Јадранка Клисарова како и претставниците на издавачката куќа Арс- Ламина. Чест, гордост и заедничка обврска на сите ни е да го негуваме, почитуваме и чуваме нашиот македонски јазик. Кога зборот, мислата и делото ќе допрат до срцето, остануваат таму за навек. Во срцата на новите генерации да ја всадиме љубовта кон македонскиот јазик со аманет да го чуваат и негуваат како нешто најсвето кое е темел на нашиот национален идентитет.

Почеток

10:00

среда, февруари 21, 2024

Крај

12:00

среда, февруари 21, 2024

Адреса

ООУ „Блаже Конески“ - Скопје

Учесници на настанот

You cannot copy content of this page

error: Содржината е заштитена !!