Во нашето училиште започна реализација на МИО проектот во соработка со ООУ ,, Јоаким Крчовски” од с. Волково. МИО училницата ќе биде почеток на меѓусебно взаемна соработка во иднина и ќе служи како простор за реализација на следните содржини:
1. Едукативно катче за дебати наменети кон сузбивање на стереотипите и предрасудите меѓу учениците и прифаќање и почитување на разликите
2. Музички хепенинг за негување на мултикултурни вредности
3. Роденденски прослави и забави за промовирање на различни култури
4. Простор за уметнички креативни изложби на различни култури
4, Изградена МИО училница во еколошка средина на отворено. Оваа училница ќе овозможи реализација на МИО активности, пријателство, развивање на позитивно пријатно катче за промоција на мултикултурни вредности и соживот. Одличен простор за органзирање на МИО активности од хуманитарен карактер, музички настани, инспиративно катче за поттикнување на мирољубивост, креативност и хармонични меѓусебни односи.
МИО проект во соработка со ООУ „Јоаким Крчовски” од с. Волково
Почеток
10:00
среда, април 17, 2024
Крај
12:00
среда, април 17, 2024
Адреса
ООУ „Блаже Конески“ - Скопје


