Натпревари по техничко образование

Учениците кога се натпреваруваат развиваат интерес и желба за нови сознанија од техниката и технологијата, ги прошируваат сознанијата за патот од идеја до реализација и развиваат интерес и способност за техничко творештво по сопствена идеја.

На натпреварот кој се одржа оваа учебна година од 16 до 30 март 2021 година, нашите ученици го покажаа своето знаење во областа на техниката.

1. Роботика I место – ученик Давид Марина V-1 одделение

Во овој проект развивме паметно автономно робот возило кое ќе се користи во иднината. Возилото е на електричен погон, и бидејќи е без возач, опремено е со сензори кои ќе ги следат улиците, сообраќајните знаци и ќе ги избегнуваат препреките, со што би се избегнале сообраќајни незгоди и несреќи. Возилото оди по претходно дефинирана траекторија и доколку е изместено од неа, самото се враќа на својата пре-дефинирана маршрута. Бидејќи возилото оди на електричен погон, нема да произведува издувни гасови, а со тоа ќе биде и добро за животната средина. За реализација на овој проект го искористивме програмирачкиот робот Лего Мајндсторм ЕВ3 (Lego Mindstorm EV3) произведен од компанијата Лего (Lego). Развојот на паметните автономни робот возила ќе го олесни животот на луѓето и нема само да се користи за транспорт на лица и стоки, туку и за истражувања на тешко достапни места како на Земјата така и во Вселената.

На ден, 17.06.2021 година во ООУ „Гоце Делчев“ – општина Центар, Скопје беа доделени дипломите на учениците од државниот натпревар по технички науки. Нашиот ученик Давид Марина се закити со златниот медал и диплома од натпреварот.

 

2. Кино-видео техника I место Симона Тагаринска IX-1 одделение

Насловот на филмот е „До кога ќе трае оваа пандемија“. Симона како режисер на филмот го покажа своето знаење за филмот.

3. Фототехника – III место Христина Крстевска IX-1 одделение

Оваа се фотографиите со кои Христина ја искажа својата умешност во фотографирање.

4. Градежна архитектура – II место Ивана Арсиќ IX-1 одделение

Архитектура (на латински architectura, со потекло од грчкиот збор ἀρχιτέκτων – arkhitekton, односно, ἀρχι – “управител” и τέκτων – “градител, дрводелец, ѕидар”, може да ја претставува:

    1. Уметноста и науката за проектирање и издигнување на градби и други материјални објекти.
    1. Вештината на архитектот, при што, архитектура значи да се понудат или да се дадат професионални услуги во врска со проектирање и изградба на една или повеќе згради, опфаќајќи го и просторот околку зградите, кој ќе биде користен од страна на луѓето.
    1. Општ термин со кој се опушуваат згради и други структури.
    1. Стилот и начинот на проектирање и изградба на згради и други материјални објекти.

Резултати од 61-от Регионален натпревар на клубови на млади техничари и природници – Скопје 2021

 

Please wait while flipbook is loading. For more related info, FAQs and issues please refer to DearFlip WordPress Flipbook Plugin Help documentation.

Почеток

09:00

вторник, март 16, 2021

Крај

12:00

вторник, март 30, 2021

Адреса

Online

Учесници на настанот

You cannot copy content of this page

error: Содржината е заштитена !!