Учениците од I-1 одделение и одделенскиот наставник Јадранка Клисарова од ООУ „Блаже Конески“ – Скопје, учествуваа на активноста „Најголемиот час на светот“, активност која е подржана од Министерство за образование и наука во соработка со UNICEF MK и Delegation of the European Union, Skopje
Наставен предмет – Општество: Работилница „Права и правила“
ЦЕЛ:
- Учениците да почнат да ја разбираат Конвенцијата на Обединетите нации за правата на детето (КПД);
- Да ја разберат врската меѓу Глобалните цели и Конвенцијата;
- Да размислат за детство од иднината во која се почитуваат сите детски права;
- Да зборуваат за детските права и да преземат акција на Светскиот ден на детето да знае за правата на детето и Конвенцијата за детски права;
- Да умее да препознае прекршување на своите права;
- Да знае дека правата важат за сите подеднакво.
Воведни активности:
Учениците се запознаваат со Конвенција за правата на детето, преку подготвен материјал на PowerPoint- презентација.
Разговор со учениците за правото на детето.
Ученичко поучувачки активности: Децата се делат во групи од петтмина.
Главна активност 1
Секоја група добива по еден примерок од работниот лист на учениците, Учениците меѓу себе дискутираат за сликата и за кои семета дека децата ги практикуваат на училиште и притоа треба да прoдискутираат за начините на практикување на избраните права.
Потоа секоја група ја презентира својата работа пред останатите.
Дискусија 1
1. Кои права најчесто се среќаваат, односно кои права се повторуваат во секоја група?
2. Како ова право учениците го остваруваат во училиште? (За секое право.)
Главна активност 2
Секоја група треба да дискутира, а потоа да презентира дали тие знаат некои примери на прекршување на детските права.
Дискусија 2
1. Кој е одговорен за остварување на правата на децата во училиште?
2. Што можат децата да направат за да се изборат за поголемо почитување на нивните права?
Главна активност 3
Секоја група треба да дискутира, а потоа да презентира каков свет тие посакуваат за секое дете.
Дискусија 3
1.Кој е може да придонесе за поубав иден свет на децата?
Евалвациони активности: Наставникот учениците донесуваме заеднички заклучок.
Заклучок:
Училиштето и семејството треба да биде место каде што децата учат за своите права, каде што ги практикуваат овие права и каде што се очекува нивните права да им бидат почитувани и заштитени.Секој треба да се труди да има поубав свет за секое дете.
Наставен предмет- Ликовно образование: Илустрирање: Иден свет- подобра иднина на секое дете
Воведни активности: Преку бура на идеи наставникот проверува колкави се познавањата на учениците за поимите права, учениците набројуваат некои од нив. Наставникот ги запишува во мрежа на тема.
Учечко поучувачки активности: Наставникот ја најавува целта на часот „Иден свет – подобра иднина на секое дете обработка“. Наставникот им дава упатства дека учениците треба да направат свој цртеж, преку илустрација да прикажат како тие посакуваат и како си го замислуваат идниот свет во кое секое дете ќе живее и ќе има безгрижно детство.
Учениците самостојно илустрираат.
Наставникот ја следи работата на учениците, на некои им помага во организирање на просторот и го мотивира.
Евалвациони активности: Следува анализа на цртежите. Секој ученик со свои зборови го анализира својот цртеж и кажува каков е неговиот замислен иден свет за секое дете.
Учениците прават прошетка низ училницата и избираат неколку најубави дела кои ќе ги истакнеме на нашето изложбено пано.