Недела на информатиката

Во нашето училиште ООУ„Блаже Конески“ – Скопје на 14.02.2020 година во I-1 одделение со одделенскиот наставник Јадранка Клисарова се реализира час „Заштита на интернет“ во рамките на Недела на информатиката.

Една група ученици работеа на идентификација кои делови припаѓаат на комјутерот, за да го пронајдат натрапникот. Другите ученици беа поделени во уште две групи и работеа „Барометар на чувства“. Учениците извлекуваа картички, наставничката ја читаше содржината и потоа сите заедно ги класифицираа добиените одговори во две групи: „ме повредуваат“ – со скршено срце и „воопшто не ме повредуваат“ – со целосно срце.

Заеднички заклучија дека сите треба да се почитуваме и да не се повредуваме. На крајот на часот се изработи табела во која се запишаа правилата како да се заштитиме на интернет.

 

Во работилница „Барометар на чувства“ беа клучени и ученици од шестто и осмо одделение под раководство на ментор Татјана Илиевска – наставник по англиски јазик.

Часот се одвиваше на идентичен начин, учениците извлекуваа картички и според содржината ги делеа во две категории, во зависност од тоа какви чувства истите предизвикале кај нив. Потенцирано им беше дека треба да бидат искрени и реални, да се водат исклучиво од сопствените чувства, а не од претпоставката како другите би очекувале да биде нивната реакција. Целиот процес беше анонимен.

На крај, беа прочитани картичките од секоја категорија и беа разгледувани заеднички. Водена беше дискусија и донесен заклучок дека во идентични ситуации сите не реагираме исто и треба да ги почитуваме различните ставови.

Почеток

12:30

петок, февруари 14, 2020

Крај

13:10

петок, февруари 14, 2020

Адреса

ООУ „Блаже Конески“ - Скопје

Учесници на настанот

You cannot copy content of this page

error: Содржината е заштитена !!