Учениците од III-1 одделение цела седмица по математика работеа на тема пари.
Да ги прошират знаењата, одделенскиот наставник Јадранка Клисарова на 26.11.2021 година реализираше конференциска врска со г-ѓа м-р Кристина Павлевска, претставник на Народна Банка на Р.С.Македонија. Учениците се запознаа со монетарната политика на нашата држава, значењето на парите, нивниот изглед, печатење и ковање на монети. На крај разговараа за значењето на штедењето и разликата меѓу „Народна банка“ и други банки.
Обработка на тема „Значењето на парите“

Почеток
10:00
петок, ноември 26, 2021
Крај
12:00
петок, ноември 26, 2021
Адреса
ООУ „Блаже Конески“ - Скопје