Учениците од III-3 од ООУ„Блаже Конески“ денес со цел да го одбележат доаѓањето на пролетта, како и одбележување на Светскиот ден на водата засадија 3 зимзелени дрвја во дворот на училиштето. Во рамките на образовниот систем наставничките континуирано им пренесуваат на децата за појавите и настаните поврзани со климатските промени, кои непредвидливо не изненадуваат секој ден, како и алатки со кои треба да им се спротивстават.
Овој пат говориме за водата и нејзината важност и не треба да заборавиме дека таа е во основата на одржливиот развој и е клуч за социо-економскиот развој, здравите екосистеми и за самиот опстанок на човекот.
Наставниците и учениците од III-3 во соработка со ГО-Новинари за човекови права во континуитет спроведуваат заеднички активности за заштита на животната средина и водата, а дел од тие активности се и на нивниот календар на одбележување веќе трета година.