Во просториите на нашето училиште ООУ „Блаже Конески” по петти пат се одржа манифестацијата по повод денот на мајчиниот јазик 21 февруари, a темата беше: „Јазикот на мојот дедо и прадедо”. Им благодарам на присуството на универзитетските професори: проф.д-р Вера Стојчевска Антиќ, проф.д-р Васил Тоциновски и до професорката Славка Арсова. Голема благодарност и до моите колеги професорите по македонски јазик од основите училишта во општина Аеродром, до мојата колешка Јaдранка Клисарова и до нашите ученици кои треба да го продолжат нашето дело. И да, нема ништо поубаво од тоа да се пишува, зборува и твори на македонски јазик, јазикот на нашиот дедо и прадедо.
Одржана манифестацијата по повод „Денот на мајчиниот јазик“

Почеток
08:00
среда, февруари 21, 2018
Крај
12:00
среда, февруари 21, 2018
Адреса
ООУ „Блаже Конески“ - Скопје