Општина Аеродром додели „ПОФАЛНИЦИ“ за учество во ,,ТВ училница” и успешно претставување на воспитно-образовниот процес

На ден 18.05.2020 година општина Аеродром им додели „ПОФАЛНИЦИ“ за учество во „ТВ училница“ и успешно претставување на воспитно-образовниот процес во период на пандемија на своите наставници, меѓу кои беа и одделенските наставнички Јадранка Клисарова и Билјана Мирковиќ.

Во период на светска пандемија и период на времетраење на превентивни и заштитни мерки, училиштата престанаа со редовната настава, но продолжија со реализирање на наставната програма преку проект „ТВ училница“ изработен од страна на ОХО и НРТ во соработка на УНИЦЕФ, МОН и БРО на Република Северна Македонија.

Проектот обезбеди контунуирана едукација на учениците од далечина според годишната програма и да се одржи континуитет во работните навики на учениците.

Како просветни работници одговорно се вклучија во реализација на наставни часови преку „ТВ училница“ и на тој начин овозможивја секое дете да следи настава.

Почеток

11:00

понеделник, мај 18, 2020

Крај

12:00

понеделник, мај 18, 2020

Адреса

Македонска Радио Телевизија

Учесници на настанот

You cannot copy content of this page

error: Содржината е заштитена !!