Проектот на УСАИД, „Со читање до лидерство“ на 10 септември 2014 година официјално го отвори реновираниот Детски креативен центар при Младинскиот културен центар – Скопје.
Директорот на Мисијата на УСАИД, г-ин Џејмс Стајн, раководителката на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“, г-ѓа Сузана Киранџиска и директорот на МКЦ, г-ин Златко Стевковски, се обратија пред присутните гости и ја пресекоа црвената лента.
Со тоа, Детскиот креативен центар ги отвори вратите за учениците, родителите и наставниците кои сакаат да се вклучат во активности и да користат ресурси за поттикнување на почетната јазична и математичка писменост. Тоа е простор од отворен карактер, каде што наставниците ќе бидат поттикнувани да го дадат својот придонес со позитивни примери од нивната наставна практика.
На отворањето присуствуваа ученици од III-3 одделение и нивниот наставник Дубравка Гешовска.