Отворена сензорна соба

Во рамките на проектот „Биди ин, биди инклузивен, биди инклудиран“ денеска во нашето училиште во присуство на првата дама на Р.С.Македонија, Елизабета Ѓоргиевска, како и претседателката на Советот на Општина Аеродром, Ивана Цветковска, беше отворена сензорна соба за деца со посебни образовни потреби.

Собата содржи сензорни елементи како што се: туба, огледало и диско-топка за деца од аутистичниот свет, спортско катче за деца со нарушена моторика, темно катче како засолниште за смирување на децата што имаат потреба да се осамат во одреден период, катче за релаксација со лулашка и трамболина каде што преку нишање и скокање се ослободува стресот и вишокот енергија, катче за дидактичка стимулација за подобрување на математичките и јазичните вештини.

За работа со овие дечиња е ангажиран специјален искусен едукатор и рехабилитатор, а сензорната соба може да ја користат и други лица и ученици, на кои повремено им се потребни сензорните елементи, како, на пример, првоодделенчињата за адаптација.

Почеток

11:30

понеделник, септември 6, 2021

Крај

12:30

понеделник, септември 6, 2021

Адреса

ООУ „Блаже Конески“ - Скопје

Учесници на настанот

error: Содржината е заштитена !!