Отворен ден по Граѓанско образованиe

Во рамките на проектот ,,Развивање на демократска клима во училиштата’’, започнат во Октомври 2020 год. нашето училиште реализираше активности, според одлуките на Ученичкиот Парламент, а во соработка со наставниците и стручната служба, на темите ,,Ковид 19 – потешкотии, предизвици и предности во услови на пандемија’’.

Активноста за подигање на свесноста на учениците, наставниците и родителите за „Ковид 19 – потешкотии, предизвици и предности во услови на пандемија“ беше реализирана на 26.03.2021 год. На платформата на Мајкрософт тимс активно учествуваа во сите фази на демократско учество, 150 ученици, пасивно 250 ученици од 650 ученици вкупно. Преку комбиниран приод (активности со физичко присуство и преку дигитални алатки) беа опфатени 20 наставници од вкупно 45 наставници.

Отворениот ден траеше повеќе од два часа, каде беа презентирани сите филмови презентации, цртежи, и креативни замисли на учениците. Како краен продукт беше испечатен Прирачник за Ковид 19 кој беше оставен во училишниот хол, од каде можеа да го подигнат родителите и учениците.

На Отворениот ден присуствуваа и Советникот од БРО и претставници на МЦГО и проектот беше оценет како успешен со што се продолжува успешната соработка со БРО и МЦГО за реализација на теми и проекти за Граѓанското образование и демократизација на училишната клима во ООУ „Блаже Конески“ – Скопје.

 

Почеток

10:00

петок, март 26, 2021

Крај

13:00

петок, март 26, 2021

Адреса

ООУ „Блаже Конески“ - Скопје

Учесници на настанот

You cannot copy content of this page

error: Содржината е заштитена !!