Уште еден прекрасен ден, исполнет со многу емоции.
Нашето училиште со своите наставници, Тинка Пачоска и Марија Костовска во соработка со Црвениот Крст учествуваа во акцијата „Подари пакетче, подари радост“. Се донираа пакетчиња на оние на кои им се најпотребни.
За СОС Детското село, деца кои боледуваат од канцер при одделот за онкологија на детска клиника, Здружение на деца со спинална мускулна атрофија, Здружение на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп и ретки болести „Дајте ни крилја“.
Се заблагодаруваме на целиот колектив, но и на сите наставници, ученици и родители кои беа дел од овој хуман чин!
А ние продолжуваме понатаму, до следната хумана акција!