Денес со поставување на камен – темелник ја започнавме доградбата на нашето училиште ООУ “Блаже Конески”- Општина Аеродром, Скопје.
Доградбата ќе се спроведе во две фази, при што по завршување на градежните работи ќе бидат изградени дополнителни 10 училници и 8 кабинети по предметна настава.
Нашето училиште, исто така, ќе добие голем хол со бина, главни скали и лифт, нова библиотека, кујна со трпезарија, нови тоалети и тоалет за лица со посебни потреби, како и други сервисни простории. Новиот објект ќе добие и современа енергетски ефикасна фасада.
Со ова значително ќе се зголемат капацитетите за реализација на воспитно-образовниот процес во ООУ ,,Блаже Конески”- Скопје.
Продолжуваме посветено да работиме на подобрување и осовременување на условите во кои учат, растат и се развиваат нашите ученици.

























































