На 21.11.2020 наставничката Јадранка Клисарова учествуваше со свое предавање на ЕДУИНО вебинар: „Поттикнување на учење преку игра и стекнување на социоемоционални вештини кај деца на возраст од 3-10 години“.
Вебинарот е организиран од: БРО, МОН, УНИЦЕФ и ЕДУИНО – образовен портал.
Краток опис на вебинарот:
Тема:
„Поттикнување на учење преку игра и стекнување на социоемоционални вештини кај деца на возраст од 3-10години“
Играта има суштинско значење, за неа би можеле да зборуваме многу долго.
Станува збор за игрите кои може да се применуваат во предшколскиот период и раниот школски период. Затоа што самиот почеток во училишните клупи е стресен и тежок за некои деца. Затоа преку игра можеме да им помогнеме полесно да совладаат некои знаења, затоа што преку игра детето ќе се чувствува посигурно, посреќно и нема да пружа отпор.
Играта е креативен процес и таа придонесува:
- да се развива когнитивниот развој на децата во сите развојни домени: интелектуалниот, социјалниот, емоционалниот и физичкиот;
- се создава позитивно емоционално расположение кај децата;
- се гради самодовербата кај децата;
- со насочена игра детето на полесен начин развива вештини за совладува новите знаења како што се: решавање проблеми, анализа, проценка, примена на знаењата и креативност;
- се создава позитивен став кон работата и учењето;
- се збогатува вокабуларот на зборови;
- преку игра го запознаваат светот и продолжуваат на полесен начин да чекорат по патеката наречена живот…
Вебинарот може да го проследите на следниот линк: