Првата меѓународна конференција на Асоцијација на најдобрите наставници на бивша Југославија

На 1 и 2 март 2019 година во Скопје се одржа Првата меѓународна конференција на Асоцијација на најдобрите наставници на бивша Југославија.

„Една книга, еден молив, едно дете и еден наставник можат да го променат светот“ – ова е мото на „Асоцијација на најдобрите наставници на бивша Југославија“. Основачи на Асоцијацијата се Жељана Радојичич Лукич од Србија и Весела Весе Богдановиќ од Македонија, двете беа финалистки на светскиот избор на најдобри наставници (Global Teacher Prize). Асоцијацијата освен основачите има уште дванаесет членови. На првата конференција беа избрани 65 најдобри наставници и свечено им беше доделено меѓународно признание „Титула – Најдобар наставник на бивша Југославија“. Меѓу најдобрите наставници се најдe и нашата наставничка Јадранка Клисарова.

Јадранка Клисарова работи како одделенски наставник повеќе од триесет години во образовно-воспитниот процес, затоа што нејзиниот најголем предизвик се децата. Припаѓа на група наставници кои имаат ентузијазам и желба да се направи подобар свет за децата. Преку својата работа се труди да ги мотивира учениците и колегите. Воедно на пошироката јавност е позната по својот ентузијазам за работа со деца, да ги едуцирам, воспитува и пишува за нив. Долг е списокот зошто е избрана и заслужено ќе ја понесе оваа титула:
– добитник е на повеќе награди кои го отсликуваат наставникот на 21 век: Просветен работник на град Скопје за 2011 година, ЗЛАТНА ПЛАКЕТА од Националниот Совет на Македонците во Р. Србија, за посебно залагање и унапредување на македонскиот јазик во Р. Србија, и градот Скопје и ја додели наградата „13 Ноември на град Скопје за 2017 година од областа на образованието и воспитанието;
– автор е на учебници од I-IV одд Македонски јазик со елементи на национална култура за ученици кои следат настава на српски јазик;
– автор на многу стручни и научни трудови објавени во соодветни зборници или списанија;
– рецензент на повеќе книги и учебници;
– добитник на многу награди и медалји со своите ученици во републиката и во странство;
– автор и носител на повеќе проекти во образованието;
– автор на наставни средства, дидактички материјал и едукативни материјали за ученици;
– автор на романи за возрасни;
– автор на збирки раскази и збирка поезија за деца.

Збирка раскази „Децата од моето училиште“ се наоѓа на списокот за лектири за трето одделение.

Се надева дека Асоцијацијата ќе придонесе поголема размена на идеи, знаења и искуства, кои ќе бидат применети во наставата за подобри постигања на учениците. Таа претставува „само една капка“ во морето на вредни и пожртвувани наставници, кои сакаат образованието да биде на повисок степен.

Почеток

10:00

петок, март 1, 2019

Крај

16:00

сабота, март 2, 2019

Адреса

Библиотека „Другарче“

Учесници на настанот

You cannot copy content of this page

error: Содржината е заштитена !!