Препознавање на појавата на семејно насилство на територија на Општина Аеродром

Справувањето со родова не-еднаквост и различните димензии на насилството врз жителите на територија на Општина Аеродром се фокусот на проектната активност на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје и Општина Аеродором која ќе започне во месец Септември 2021 година.

Со таа цел денес, ЕУ Институт – Скопје заедно со Весна Марковска – Советник и координатор за еднакви можности меѓу мажите и жените на Општина АЕРОДРОМ беа почесни гости во нашето училиште. Заедно со директорката Сузана Настовска се дискутираше на тема препознавање на појавата на семејното насилство во училиштето.

Првиот дел од проектот опфаќа анонимна анкета која ќе се проведе во градинките на воспитно образовниот кадар, негователки и стручна служба, воспитно образовниот кадар и стручна служба во основните училишта, децата од шестто до деветто одделение во основните училишта, трите средни училишта како и општината.

По повод проектот „Зајакнување на самодвербата и мотивацијата на жртви на семејно насилство кои живеат на територија на општината“, ЕУ ИНСТИТУТ Скопје и ООУ „Блаже Конески“ попишаа меморандум за меѓусебно рабирање и соработка со кој се обврзуваат да ги штитат заедничките интереси и да органзираат активности во сверата на неформално образование.

Од страна на директорката беа дадени предлози за реализирање и други заеднички активности и соработки помеѓу ЕУ ИНСТИТУТ Скопје, општината и училиштето на тема граѓанско образование. Инаку еден од авторите на учебникот е наша вработена – Билјана Шотаровска, наставник по граѓанско образование.

Веруваме дека со овој проект ќе допринесеме кон подигнување на ниската јавна свест и разбирање на прашањето за родово-базирано насилство на територија на општината кои не соодветствуваат со реалниот степен на насилство, односно насилнички дејствија врз жителите на општината кои најчесто не се пријавуваат.

Почеток

11:00

среда, август 18, 2021

Крај

12:30

среда, август 18, 2021

Адреса

ООУ „Блаже Конески“ - Скопје

Учесници на настанот

error: Содржината е заштитена !!