Проектот „Деца не се раѓаат со предрасуди“ е проект на Глада Худик Театар од Шведска, а е финансиран од Шведски Институт. Здружение СОЛЕМ е координатор на овој проект во во нашата држава, а овој проект се реализира и во Шведска, Латвија и Грузија. Целта на овој проект е подогање на свеста кај учениците и наставниците за лицата со интелектуална попреченост и надминување на стереотипите и предрасудите за лицата со интелектуална попреченост. Исто така проектот има за цел на учениците да им се пренесат вистински вредности, прифаќање и почитување на различностите и директна средба со лицата со попреченост.
Во нашето училиште проектните активности ги реализираа наставниците Билјана Синадиновска Шотаровска, Иванка Карапеева и Светлана Петрова со учениците од 6 одделение во соработка со стручната служба и со координаторот на проектот.
Освен нашто училиште, во овој пилот проект беа вклучени уште 3 основни училишта: ООУ „Љубен Лапе“ од оштина Аеродром, ООУ „Кирил и Методиј“ од Стајковци и Интернационалното приватно училиште Максимилијан.
Благодарност и до наставниците и учениците што во овие тешки услови со Ковид ситуацијата успеаа да ги реализираат работилниците.