Проект „Моја машта бира да истражи тајне свемира“

Учениците од I-1 одделение и одделенскиот наставник Јадранка Клисарова од ООУ „Блаже Конески“ – Скопје, учествуваа на Меѓународен проект: „Моја машта бира да истражи тајне свемира“ во склоп на Светската недела на Свемирот.

Период: од 4 до 10 октомври 2019

Организатор: Word space Week; Oaza znanja-NVO za promociju prirodnih nauka
Честитки за нашите дечиња. Денес ги добија првите Сертификати за учество на проект. Да бидеме вредни и успешни и уште многу дипломи, награди и сертификати.

Наслов на активноста: Презентација на проектот „Со ракета на пат да ги откријам планетите“

Краток опис активноста:
Учениците на почетокот беа запознаени со презентација во која се прикажани планетите и како до сега се патувало во вселената, се задржавме на првото куче – патник во вселената. Учениците искажуваа свои сознанија како тие гледале во ѕвездите, како оделе во планетариум и секогаш биле љубопитни како тие може да пристигнат во вселената. Учениците работеа на изработки за планети, сонцев систем, ракета и космонаути. На крајот од часот направивме заедничко пано, на црн материјал, го поставивме сонцето, ги нацртавме линиите на Сонцевиот систем и ги подредувавме планетите, една ракета која полетува и еден космонаут во вселената. Голем број на ученици учествува, со желба да ја развијат својата љубопитност.

Почеток

08:00

петок, октомври 4, 2019

Крај

16:00

четврток, октомври 10, 2019

Учесници на настанот

You cannot copy content of this page

error: Содржината е заштитена !!