Презентација на проектот „Со ракета на пат да ги откријам планетите“
Број на ученици: 24
Возраст: 6 години (I-1 одделение)
Краток опис активноста:
Учениците на почетокот беа запознаени со презентација во која се прикажани планетите и како до сега се патувало во вселената, се задржавме на првото куче – патник во вселената. Учениците искажуваа свои сознанија како тие гледале во ѕвездите, како оделе во планетариум и секогаш биле љубопитни како тие може да пристигнат во вселената. Учениците работеа на изработки за планети, сонцев систем, ракета и космонаути. На крајот од часот направивме заедничко пано, на црн материјал, го поставивме сонцето, ги нацртавме линиите на Сонцевиот систем и ги подредувавме планетите, една ракета која полетува и еден космонаут во вселената. Голем број на ученици учествува, со желба да ја развијат својата љубопитност.
Учениците од I-1 одделение и наставничката Јадранка Клисарова беа активни на меѓународен едукативен проект „5-ти Октомври Светскиот ден на учителот“. Денот го одбележаа со голем број на активности.