Проект „НАШ ГРАД“

На 09.03.2022 година во просториите на нашето училиште ООУ„Блаже Конески“ се одржа еднодневна работилница за архитектура и јавни простори од страна на Здружението „КАЖИ КОГА“ – Центар за инклузивен развој Скопје, со поддршка од Амбасадата на САД и општина Аеродром под наслов „НАШ ГРАД“ посветен на јавните простори и учеството на граѓаните во нивното планирање, одржување и трансформација.

На работилницата беа вклучени кратко предавања за јавните простори и placemaking-от како концепт за дизајнирање на места за социјализација, спорт и игра на локалното население со учество на самите жители. Дополнително, за време на работилницата, децата беа поттикнати да дискутираат за јавните простори во нашата населба, како и да замислат и нацртаат нивни предлози за игралиште, парк и сл.

Целта на работилницата беше да го подигнеме интересот на децата за јавните простори што ги опкружуваат – игралишта, паркови, улици и сл., да ги поттикнеме да ги чуваат и одржуваат истите, како и да им раскажеме за различни акции и иницијативи за уредување на запуштените простори.

Почеток

10:00

среда, март 9, 2022

Крај

12:00

среда, март 9, 2022

Адреса

ООУ „Блаже Конески“ - Скопје

Учесници на настанот

You cannot copy content of this page

error: Содржината е заштитена !!