Драги наши другарчиња,
неодамна по предметот природни науки за второ одделение почнааа да се изучуват содржини за Сонце и сончев систем, кои особено го привлекоа вниманието на учениците.
По тој повод учениците од II-4 одделение имаа за задача да изработат проект „Сонцето и планетите околу него“ – Сончев систем, кои го претставија пред своите соученици. Нашата цел беше учениците да се запознаат со вселената, сонцето и планетите и како сонцето влијае врз животот и гравитацијата на планетата Земја.
Се надеваме дека меѓу нашите ученици има идни научници кои ќе се занимаваат со оваа проблематика. Нивните изработки ги красат нашите училници. Протоколите за работа, во потполност беа запазени.