На 20.11.2019 година, во фискултурната сала на училиштето, се одржа настан по повод Светскиот ден на детето. Учениците од III – 2 одделение, нивните родители и наставничките Дубравка Гешовска и Тодорка Гоцкова го прославија Светскиот ден на детето со следните активности:
- Училиштето нека „посини“: Учениците, родителите и наставниците беа облечени во сино
- На почетокот родителите ја следеа презентацијата за сите активности на учениците од „Најголемиот час на светот 2019“
- Родителите ја слушаа презентација од учениците за Конвенцијата
- Учениците се претставија со забавна музичка игра
- Се разгледа изложбата од изработките од „Најголемиот час на светот 2019“
- Се читаа литературните творби од страна на учениците-автори на истите
- Се презентираше играта „Митови или заблуди околу Конвенцијата за правата на детето“, а потоа родителите водени од учениците ја играа играта