На ден 24.11.2021 година во нашето училиште ООУ „Блаже Конески“ – Аеродром, се одржа симулација на вежба за заштита на вработените и учениците при пожар и земјотреси.
Во настанот учествуваа сите ученици и целиот работен кадар, кои редовно и посветено вежбаа пред изведувањето на вежбата.
Им благодариме и на соработката на Црвениот Крст, на Противпожарната и на Полицијата на Република Северна Македонија, кои ни помогнаа во реализација на целиот проект.
Вежбата заврши успешно, а ние како училиште сме секогаш тука да бидеме одговорни и со сите сили да ги заштитуваме нашите ученици.