Среќен почеток ученици!

Како и секоја претходна година, така и оваа, во ООУ „Блаже Конески“ учебната 2021/2022 година започна редовно.

Целосно подготвено според соодветните протоколи за новонастаната ситуација на светската пандемија на 1 септември нашето училиште ги отвори вратите за своите ученици, а училишното ѕвонче го означи почетокот на првиот училиштен час за оваа учебна година.

Најсреќни беа најмалите – првачињата кои оваа година за првпат тргнуваат во училиште со што започнуваат едно ново, поинакво поглавје во своите животи. Пригоден говор пред родителите и првачињата одржа директорката Сузана Настовска која ги поздрави и им посака пред се добро здравје и многу успех во учењето.

Секое добро ученици, Ви посакуваме многу успех во текот на учебната година!

Почеток

09:00

среда, септември 1, 2021

Крај

15:00

среда, септември 1, 2021

Адреса

ООУ „Блаже Конески“ - Скопје

Учесници на настанот

You cannot copy content of this page

error: Содржината е заштитена !!