Во нашето училиште беше одбележан почетокот на новата учебна година. Наставничкиот колектив на ООУ „Блаже Конески“ им посака на учениците многу успех во учењето, да стекнат многу нови знаења, да се изградат како комплетни личности со вистински вредности. Наша единствена цел е заеднички да работиме во создавање подобар воспитно-образовен процес со кој ќе се гордееме сите ние, а и нашите поколенија.
Среќен и успешен почетокот на новата учебна година!
Во училиштето „Блаже Конески“, работните акции траеја и цело лето. Во овој период училниците и ходниците беа бојадисани и обновени и со самото тоа условите за работа во училиштето станаа многу подобри. Исто така се смени целото осветлување и во секоја училница се ставија нови завеси.