За времетраењето на превентивните и заштитни мерки кои се на сила во нашата држава, а согласно кои образовните институции не работат започна и новиот проект „ТВ Училница“ изработен од страна на ОХО и НРТ во соработка со УНИЦЕФ, Министерство за образование и наука и Бирото за развој на образованието на Република Северна Македонија.
Овој проект има за цел да овозможи своевиден континуитет на образовниот курикулум:
– да се надомести за изгубените воспитно-образовни училишни часови,
– да се одржи континуитет и да се унапредат работните навики на учениците,
– да се демонстрира алтернативни видови на учење, односно воспитување и образување на децата во домашни услови.
Просветните работници одговорија на повикот и веднаш се вклучија во реализацијата на овој начин на учење – од далечина за да си помагаме едни на други во овој период, во овие околности, во оваа состојба со која се соочуваме – „да допреме до секое наше дете, до секој наш ученик“.
Со таа цел одделенскиот наставник Билјана Мирковиќ се пријави да учествува во проектот „ТВ Училница“ и на 05.05.2020 година одржа два часа по предметите:
Македонски јазик (прво одделение)
– Програмско подрачје: Подготовка за почетно читање и пишување – Препознај буква „И“
Математика (трето одделение)
– „Наоѓање и цртање прави агли со користење квадрат“