Во период на светска пандемија Министерството за образование и наука и УНИЦЕФ креираа план за тоа како во оваа вонредна ситуација и во домашни услови, децата да продолжат да учат и во периодот во кој не посетуваат настава на училиште.
Националниот радио – дифузен сервис МРТВ почна со емитувањето на едукативни содржини поврзани со наставните планови и програми по кои се образуваат учениците од основните училишта.
За таа цел одделенскиот наставник Јадранка Клисарова се пријави да учествува во ТВ училница на МТВ и на 04.05.2020 година одржа два часа: предмет во прво одд – математика „Местоположбата на предметите“ и предмет општество во второ одд – „Пред крстосница“.