Цел на проектот:
Посета на деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение во библиотека, поттикнување да читаат и да бидат хумани, да си помагаат и да се вклучат во воспитно-образовниот процес Проект кој се спроведува на ниво на повеќе установи.
Носители на проектот:
1. Силвана Јакимова – виш библиотекар во библиотека „Другарче“
2. Светлана Јосифоска – Претседател на здружение на просветни работници
3. „Јавна установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение 25 Мај“ – Скопје
Соработници на проектот:
1. Учениците од V-1 одделение и одделенскиот наставник Јадранка Клисарова од ООУ„Блаже Коневски“ – Скопје
Предвидени заеднички активности на носителите на проектот: „Библиотеката за децата“
Активности:
– Организирање на тематската работилница за библиотеката, која се одржа во едукативната училница на библиотеката „Другарче“
– Обработка на книга со тема – хуманост
– Учиме колку книгата може да ни помогне да бидеме подобри луѓе и да бидеме хумани, да се помагаме меѓусебно
– Доделување на книги и гратис членски на учениците
– Поделба на хуманитарни пакети од учениците од петто одделение од ООУ„Блаже Конески“ – Скопје, ги предадоа на децата кои се згрижени од страна на „Јавна установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение 25 Мај“ – Скопје (децата се грижат едни за други и си помагаат).