Учество на „Најголемиот час на светот 2019“

Учениците од III – 2 оддлениие и наставничката Дубравка Гешовска, се приклучија на поканата на Министерството за образование и наука, за чествување на 30-годишнината од Конвенцијата за правата на детето да учествуваат на „Најголемиот час на светот 2019″.

На 28.10.2019 година, за време од два наставни часа, учениците имаа повеќе активности и твореа на тема: „Иднината на детството”.
Учениците имаа можност на креативен начин преку пишување песни, креативни состави или цртање слики да ги претстават своите визии за иднината на детството.

На крај учениците се согласија да преземат акција на 20.11.2019 и да го прослават Светскиот ден на детето со следните активности:

  • Отворен ден : Наставниците ја оставаат вратата отворена за учениците да влезат и да разговараат за некое детско право.
  • Училиштето нека „посини“: Учениците и наставниците ќе се облечат во сино на 20-ти ноември за да го прослават Светскиот ден на детето.
  • Покана за родителите или старателите да дојдат в училиште и да слушнат презентација од учениците за Конвенцијата. (Изложба од изработките од часот, читање на песните. Секој ученик кажува по 1-2 детски права; Презентирање на играта “Митови или заблуди околу Конвенцијата за правата на детето“.)

Изработките ќе бидат во конкуренција за манифестацијата по повод Светскиот ден на детето, поддржана од УНИЦЕФ и Европската Унија во соработка со Кабинетот на претседателот на Владата.

Почеток

08:00

понеделник, октомври 28, 2019

Крај

16:00

понеделник, октомври 28, 2019

Учесници на настанот

error: Содржината е заштитена !!