Одбележан меѓународниот ден на мајчиниот јазик

На ден 21 февруари 2023 година, ООУ „Блаже Конески” – Аеродром беше домаќин и го одбележа меѓународниот ден на мајчиниот јазик.

Настанот беше посетен и поддржан од градоначалникот Тимчо Муцунски и претставниците од општина Аеродром, како и од сите основни училишта од општината.

По говорите на директорката на училиштето м-р. Виолета Ристовска и градоначалникот Тимчо Муцунски, кои што истакнаа дека мајчиниот јазик е нашиот идентитет и треба да се чува и негува како најсвето нешто, следеа изведбите на „Тешкото” и „Везилка”, од страна на учениците од нашето училиште.

Настанот продолжи по својот тек.

За македонскиот јазик и неговото значење,но и зачувување зборуваше, проф.д-р Снежана Петрова- Џамбазова – научен советник и редовен професор во Институтот за македонски јазик – „Крсте Мисирков”.

Веднаш по неа нашата колешка,наставничката, но и писателката Јадранка Клисарова, прочита неколку извадоци од нејзините книги и со своите ставови за мајчиниот јазик го оплемени целиот настан.

Издавачката куќа Арс – Ламина и нејзините претставници на овој ден ја збогатија училишната библиотека со 100 нови книги, како дел од кампањата „Читањето е супермоќ”. На сцената ни се обрати уредничката, Татјана Димовска – Атанасова, која ја потенцираше важноста на читањето, негувањето на македонскиот јазик и неговата правилна употреба.

На овој ден,на распишаниот литературен конкурс: „Јазикот на мојот дедо и прадедо”, во кои учество завземаа сите основни училишта од општина Аеродромсе доделија дипломи за прво, второ и трето место од одделенска настава и прво , второ и трето место од предметна настава, со присуство на нивните ментори и директори.

Настанот заврши со тоа што учениците си ги прочитаа своите литературни творби и не потсетија дека итекако имаме генерации, кои знаат да си го почитуваат сопствениот мајчин- македонски јазик.

А, ние следната година со радост го чекаме 21 февруари, за повторно да бидеме сплотени и единствени во негувањето и зачувувањето на мајчиниот јазик.

Почеток

09:00

вторник, февруари 21, 2023

Крај

15:00

вторник, февруари 21, 2023

Адреса

ООУ „Блаже Конески“ - Скопје

Учесници на настанот

You cannot copy content of this page

error: Содржината е заштитена !!