Одржана свечена академија
Новото поглавје на ООУ ,,Блаже Конески” го означивме со свечена академија по повод пуштањето во употреба на новите училишни простории.
Овој свечен настан беше исполнет со посебна енергија и емоции. ООУ „Блаже Конески“ со децении е вистински расадник на успешни генерации. На свечената академија беа присутни и дел од поранешните ученици кои токму тука го започнале своето образование, а денес се видно докажани и успешни во своите професии. Тие заедно со останатите гости и присутни го одбележаа овој значаен момент, исполнет со гордост и желба за уште поголеми успеси. 🍀














































































