100 години од раѓањето на нашиот патрон Блаже Конески

Блаже Конески остави трајна вредност во македонското творештво и развојот на македонската литература и култура.

Нашето училиште, кое гордо го носи неговото име ја прослави 100 годишнината од неговото раѓање.
Во текот на целата недела, во нашето училиште се организираа низа работилници. Се твореа ликовни и литературни творби, се одиграа спортски натпревари, се одржа литературно читање во библиотеката, како и квиз по знаење од шесто до деветто одделение, а најмалите ученици снимаа видеа во негова чест.

На 17.12.2021 директорката ги додели и дипломите на наградените ученици, кои твореа на тема „Ликот и делото на Блаже Конески – наша инспирација“.

Нашето училиште ќе продолжи да го вреднува поетскиот потенцијал на Блаже Конески, кој ни го остави во аманет и со текот на времето стана и наш знак на распознавање во светот.

Почеток

08:00

петок, декември 17, 2021

Крај

16:00

петок, декември 17, 2021

Адреса

ООУ „Блаже Конески“ - Скопје

Учесници на настанот

You cannot copy content of this page

error: Содржината е заштитена !!