Проект „Дигитален пластичен отпад“ поддржан од Амбасадата на САД во Македонија

ООУ „Блаже Конески“ – секогаш во чекор со современата технологија и иновациите!

На големо задоволство на нашите ученици, а во соработка со Здружението „Ино Тех Клуб”, а во рамки на проектот „Дигитален
пластичен отпад“ поддржан од Амбасадата на САД во Македонија, во нашето училиште започна реализацијата на предвидените
активности. Нашето училиште е едно од четирите училишта од целата земја, но единствено од Скопје кое е вклучено во овој проект, чија
клучна цел е учениците да научат дека отпадната пластика не е отпад туку вредна суровина. Целта на активностите е да ги обучат нашите ученици и дел од наставниците како да ја рециклираат пластиката, да произведат филамент за 3Д принтери и научат да ракуваат со 3Д принтер, кој како донација ќе остане во сопственост на нашето училиште, а како финален производ ќе се добијат 3Д печатени производи.

Почеток

12:00

четврток, февруари 22, 2024

Крај

15:00

четврток, февруари 22, 2024

Адреса

ООУ „Блаже Конески“ - Скопје

Учесници на настанот

You cannot copy content of this page

error: Содржината е заштитена !!